
Историско архиерејско служење на епископ Партениј на Света Гора, за празникот на Св. Пантелејмон
Епископ Антаниски Партениј, имаше историско архиерејско служење во Кутлумушкиот скит на Св. Пантелејмон во Кареја, на Света Гора, по повод денешниот празник на Св.Пантелејмон. На покана на старешината, јероѓаконот Хрисостом, владиката Партениј, молитвено претстоеше на целоноќното дванаесетчасовно празнично бдение, а потоа чиноначалствуваше и на Божествената Евхаристија, информираат од Бигорски манастир.

















