(Видео) Ана Стојаноска со песната „Идната јас“ ќе ја преставува Македонија на Јуниор Евросонг 2026

Ана Стојаноска од Струга со песната „Идната јас“ ќе ја преставува Македонија на Јуниор Евросонг 2026, кој годинава ќе се одржи во Малта на 24. октомври.

Таа ќе настапи заедно со танчарките Калина, Каја и Елена.

За кореографијата е задолжен Илија Карадакоски, а македонската делегација ја предводи шефот на делегацијата, Дијана Гогова.

Автор на музиката е Николче Мицевски, а текстот е на Илчо Нечовски.

Видеото е во продукција на Македонската радио телевизија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести