Повторно на продажба пакет на акции на ТЕ-ТО, кој преставува 10,8% од главнината

На 1. септември на барање на Комерцијална банка АД Скопје по пат на јавна берзанска аукција, повторно е на продажба големиот пакет на акции на ТЕ-ТО АД Скопје.

Како што стои во известувањето на Македонската берза станува збор за продажба на 27 акции, кои преставуваат 10,8 од основната главнина на Друштвото.

Истите се продаваат со почетна продажна цена од 20.555.556 денари по акција преку моделот “сѐ или ништо“.

Цената во однос на претходните аукции е пониска. Пакетот беше на аукција и во јуни, а акции на ТЕ-ТО се продаваа и лани во февруари, во два пакети.

Продавач е Топлификација АД Скопје, која е во стечај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работел Те-То лани?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести