Телефонските измами на постари лица за лажни сообраќајки продолжуваат, на 88-годишна жена и одзеле 72.500 денари

Продолжуива трендот на измами по телефон за лажни сообраќајки, при што најчеста мета се постари лица. Овој пат е измамена 88-годишна жена од Битола, која е „олеснета“ за 72.500 денари.

„СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против С.Г. (54) од Прилеп и С.И. (31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 25.08.2025 во Битола, пријавените довеле во заблуда 88-годишна жена од Битола така што телефонски и со лажно претставување ја известиле дека нејзиниот син предизвикал сообраќајна несреќа во која прегазил осумгодишно дете, а нејзиниот син и неговата сопруга биле повредени, а доколку сака да го спаси синот од кривичен прогон, требала да им даде 72.500 денари.

Откако ги зеле парите, пријавените заминале, а оштетената подоцна сфатила дека е измамена. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и измамниците се пронајдени и лишени од слобода, по што е поднесена кривична пријава,“ велат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести