Телото на седумгодишното девојче кое почина вчера во Клиничката болница Тетово е дадено на обдукција, информираа од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Тетово.
Претходно од болницата информираа дека семејството не се согласувало на обдукција.
– Јавен обвинител од ОЈО Тетово веднаш по настанот беше известен дека има инцидент со оштетување на имот на болницата. Откако ја утврди причината за инцидентот, обвинителот веднаш уште вчера издаде усна, во утрово и писмена наредба за обдукција на телото на починатото девојче, велат од Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина седумгодишно девојче во тетовската болница, семејството не дозволува обдукција