Бура од негативни реакции во јавноста и на социјалните мрежи предизвика информацијата дека и за пратките од странство до 22 евра ќе се плаќа данок на додадена вредност (ДДВ), со што истите ќе поскапат за 18%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пратките од странство до 22 евра ќе поскапат за 18%
Од авион се гледа дека измените на Законот за ДДВ се на барање на македонските трговци кои се почуствуваа загрозени од експанзијата пред се на кинеската онлајн платформа за продажба, Тему, во Македонија.
Еден од најчестите коментари на социјалните мрежи е дека Тему на македонските граѓани им покажа колку всушност не крадат македонските трговци со нереалните цени, а да не правиме муабет дека дел од нив купуваат производи токму од вакви платформи, кои потоа ги продаваат за повисока цена за неколку пати.
Од Министерството за финансии, кое ги бара измените, пак ги правдат истите. Тие ќе ја зајакнале домашната економија, ќе дале подршка на локалните компании, ќе отвореле нови работни места, а околу 4 милиони денари месечно наместо за Тему и слични платформи, ќе оделе во домашното стопанство.
Измените ќе помогнале и во „борбата“ со сивата економија, која со децении ја гледаме на секој чекор, а никој не презема ништо за да има мир во куќата. Сивата економија ја убива домашната економија, а не онлајн платформите за продажба.
Вистинската битка против сивата економија надлежните инститиции може да ја почнат од т.н. Пластичарска улица во Скопје или од кај дивите тезгаџии околу Бит пазар. Секако Скопје не е единствен со сиви зони, ги има насекаде.
Предлогот за измени на Законот е веќе во македонското Собрание, а за истиот ќе се гласа по локалните избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За кои пратки до 22 евра ќе се плаќа ДДВ, а за кои не
Тему “растура“ и во Македонија
Фото: Тему