Во Чешка подметнат пожар во фабрика за оружје, напаѓачите мислеле дека таму се произведува оружје за Израел, властите велат дека оружјето е за Украина

Пожар бил подметнат во хала на фабриката за оружје ЛПП Холдинг во Парудбице на истокот на Чешка.

Властите чинот го прогласија за терористички напад. Напаѓачите мислеле дека таму се произведуваат дронови за Израел, а властите велат тие биле наменети за Украина.

За нападот полицијата и службите за безбедност проверуваат четири различни верзии, соопштија чешките власти.

Министерот за внатрешни работи Лубомир Метнар изјави дека во пожарот никој не е повреден и дека најверојатно е терористички напад, додека премиерот Андреј Бабиш по вонредната седница на Советот за национална безбедност соопшти дека нема потреба од зголемување на готовноста за терористички напади на повисок степен.

„Тоа се случи во приватна фабрика. Главната порака на сите производители кои произведуваат воена опрема е да ги обезбедат своите фабрики. Оваа нападната фабрика не била обезбедена. Нема ние да им помагаме. Имаат огромна добивка од тие огромни заработки, ако сакаат лиценца мора да се обезбедат,“ изјави Бабиш по седницата.

Инаку, непозната меѓународна група „Фракција земјотреси“ ја презеде одговорноста за нападот и на интернет објави снимка во која наводно подметнува пожар во халата на фабриката, а на медиумите им испрати соопштение во кое вели дека теророристички напад го извела како „погодок во епицентарот на израелската воена индустрија во Европа“.

„Во самото срце на ѕверот, опкружен со смрдежот на злото. Секое оружје кое го развива „Елбит Системс“ прво се тестира на Палестинците,“ се вели во пораката.

Иако било планирано сепак, ЛПП Холдинг не произведува никакви дронови во соработка со таа израелската компанија „Елбит Системс“.

Во меѓувреме повеќе земји-членки на НАТО ја прекинаа соработка со компанијата „Елбит Системс“, против која има истрага за корупција.

Шефот на чешката полиција, Мартин Вондрашек повика да се почека на резултатите од истрагата.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести