И официјално е потврдено дека 2-годишното дете од Скопје на новогодишната ноќ е усмртено од залутан куршум.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска информираше дека не станува збор за куршум директно насочен кон детето, туку за залутан куршум.
Истрагата за пронаоѓање на сторителот кој го испукал куршумот е во тек, но тој посочи дека во вакви случаеви е тешко да се открие кој пукал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што кажала мајката на 2-годишното дете, кое почина, во полиција
Почина 2-годишното дете кое беше погодено од заталкан куршум во Скопје














