Тетекс со зголема добивка во првите девет месеци

Тетекс АД Тетово во првите девет месеци од годинава остварил добивка од 21.605 илјади денари, која е зголемена во однос на истиот период лани, информираше Друштвото преку Македонската берза.

Лани добивката на Тетекс беше 11.455 илјади денари.

Приходите од продажба на готови производи и услуги изнесуваат 45.168 илјади денари и истите се резултат од редовното работење, во што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на постоечки залихи на готови производи и материјали, велат од таму.

-За тековниот период во финансиските приходи од 31.496 илјади денари, се евидентирани приходите од учество во основната главнина на придруженото друштво (ТТК Банка АД Скопје) и останати финансиски приходи во износ од 25.452 илјади денари, додека минатата година финансиските приходи изнесуваа 44.781 илјади денари, посочуваат од таму.

Остварените единечни вкупни расходи изнесуваат 224.410 илјади денари и истите во споредба со истиот период во 2024 година, кога изнесувале 74.500 илјади денари, се зголемени.

-Зголемените оперативни расходи во најголем дел произлегуваат од вредносно усогласување на тековни средства, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетекс влегува во градежен бизнис

Тетекс во првото полугодие ја дуплираше добивката

Фото: Тетекс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести