Каков имот пријавил екс заменик министерот Трајан Димковски, еден од осомничените за злоупотреби во Агенцијата за стокови резерви

Поранешниот министер и заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со поранешен директор на Јавното претпријатие за берзанско работење „Агро Берза“, поранешен директор и поранешен раководител во Агенцијата за стоковни резерви и вешто лице, се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен екс заменик министерот Трајан Димковски и уште четири лица: Детали од МВР

Според Основното јавно обвинителство тие иако биле должни да ја известат Владата за фактичката состојба во „Агро берза“, доставиле неточни податоци и информации за неоснован кусок на меркантилна пченица и јачмен во периодот од 2019 до 2021 година, со што е направена штета на буџетот за околу 780 илјади евра.

еМагазин разгледа каков имот пријавил Димковски кога во 2020 година стана заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој го имаме во архива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Трајан Димковски, екс заменик министерот, кој е осомничен за злоупотреби во Агенцијата за стокови резерви

Каков имот пријавил

Пријавил куќа, која е подарок, од 161 метри квадратни, во Куманово, проценета на 2,7 милиони денари, објект исто во Куманово од 122 метри квадратни, проценет на 1 милион денари, исто така подарок.

Поседува две возила, Тојота Јарис и Хонда, а на име на родителите пријавил трактор.

Како подарок добил и земјиште во Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екс заменикот министер Димковски и другите осомничени за злоупотреби во Агенцијата за стокови резерви останаа без пасоши

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести