Трамп го лансираше Одборот за мир, меѓу основачите и Косово, Бугарија и Унгарија

Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска во Давос, Швајцарија, го престави новото меѓународно тело т.н. Одбор за мир, на кој веќе се гледа како тело кое ќе му конкурира на Обеднинетите Нации.

Првичната замисла за телото беше да работи на мир и на реконструкција на окупираниот Појас Газа, а сега Одборот ќе решава глобални конфликти.

На чело на Одборот е Трамп.

На церемонијата присуствуваа околу 20 преставници на земји кои се меѓу основачите, а покани биле испратени на околу 60 земји. Македонија засега не е меѓу нив.

Од земјите во регионот вакви покани добија Албанија, Косово, Грција и Бугарија, која со Унгарија се единствените две членки на Европската унија, кои засега ги прифатиле поканите.

Меѓу потписниците се и Азербејџан, Ерменија, Аргентина, Египет, Израел, Пакистан, Катар, Саудиска Арабија, Турција, Монголија и Обединетите Арапски Емирати.

Поканети се и Русија, Кина. Овие земји се уште не одговориле на поканата.

Државите што ќе придонесат со 1 милијарда долари ќе добијат постојано членство, додека сите други ќе имаат мандат од три години.

Целосниот список на членки сè уште не е објавен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп на чело: Кој се е во Мировниот совет за Газа

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести