Денеска на американска територија, во воздухопловна база од времето на Студената војна во Алјаска се среќаваат американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот Владимир Путин.
Главната тема е Украина, а очекувањата дека средбата ќе донесе барем прекин на огнот, се поделени.
На средбата не учествува украинскиот претседател Володимир Зеленски, а Трамп најави дека за епилогот прво ќе го информира Зеленски, а потоа и европските лидери, кои не се среќни за овој формат за одредување на иднината на војната во Украина.
Барањата на Русија и Украина се дијаметрално спротивни, па очекувањата од средбата се многу мали. Успех би било за почеток да има прекин на огнот.
Фото: Унсплеш