Американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер, е отповикана од функцијата од страна на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Освен Агелер од позициите се отповикуваат амбасадори во околу 30 земји, кои дошле на функциите за време на претходниот претседател Џо Бајден.
Од земјите во регионот се отповикува и амбасадорот во Црна Гора.
Се отповикуваат и амбасадорите во Словачка, Алжир, Египет, Непал, Шри Ланка, Руанда, Сомалија, Уганда…
Како што пренесуваат светските и регионалните медиуми отповикувањето на амбасадорите има за цел да ја зајакне агендата на Трамп, „Америка на прво место“ и да постави кадар кој целосно ги поддржува приоритетите на претседателот.
Фото: Американска амбасада/Фејсбук














