САД ја презема контролата врз венецуелската нафта

За многу брзо време стана јасно што е вистинската причина за нападот на САД на Венецуела и киднапирањето на поранешниот претседател на земјата, Николас Мадуро и неговата сопруга, на кои им се суди пред федералниот суд во Њујорк – резервите на нафта на Венецуела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку нафта има Венецуела?

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој веќе најави дека САД ќе „управува“ со Венецуела извесно време, на социјалната мрежа Truth Social информираше дека дветте земји договориле Венецуела да и испорача на САД од 30 до 50 милиони барели санкционирана нафта, а тој самиот ќе ги контролирал приходите од нејзината продажба.

Еден барел има 159 литри нафта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ќе „управува“ со Венецуела до транзиција на власта, Американци ќе продаваат венецуелска нафта

„Оваа нафта ќе се продава по нејзината пазарна цена, а парите ќе бидат контролирани од мене, како претседател на САД за да се осигурам дека ќе бидат употребени за доброто на венецуелскиот народ и на САД“, напиша Трамп.

Не е јасно кога Венецуела треба да ја обезбеди договорената испорака.

Количината одговара на вкупното производство на венецуелската нафтена индустрија за еден до два месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тренерките на “Најк“ кои ги носеше Мадуро станаа светска сензација

Николас Мадуро го ангажираше адвокатот на Џулијан Асанж, Бари Полак

Кој е Николас Мадуро, кој го зароби САД

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести