Денеска напладне во Македонија од страна на транспортните превозници ќе бидат блокирани сите гранични премини поради правилата за влез и излез (ЕЕС) од шенген-зоната на Европската унија (ЕУ).
Ќе има блокади на граничните премини „Деве Баир“, „Делчево“, „Ново Село“, „Дојран“, Богородица“, „Меџитлија“, „Ќафасан“, „Блаце“ и „Блато“, а преминот „Табановце“ ќе биде затворен од српска страна.
Блокади на граничните премини ќе има и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Причината е незадоволството на транспортерите за воведувањето на ЕЕС, според кој, превозниците со камиони од земјите од Западен Балкан ќе се регистрираат како туристи и ќе можат да останат во земјите од ЕУ најмногу до 90 дена во период од 180 дена.
Овие правила не се нови. Исите постоеја и пред стартот на ЕЕС од пред неколку месеци.
Се планира блокадите да траат седум дена и нема да има прекин, ако не се најде решение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради блокадата на транспортерите, МВР ќе го регулира протокот на возила и автобуси на границите
Фото: Влада













