Три автобуси и комбе на приватна фирма изгореа во кочанско Оризари.
„Денеска (01.07.2025) во 02.30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во населбата Оризари, кочанско се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма.
Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Штип. Повредени лица нема. Во текот на денот ќе биде извршен увид од увидна екипа од ОВР Кочани,“ информираа од Министерството за внатрешн и работи.
Фото: Unsplash