Три деца повредени во сообраќајна несреќа помеѓу два автомобили и автобус, на патот Кичево-Гостивар

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 17.08 во 10:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај селото Длапкин дол, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.К. (44) од селото Стрелци, кичевско, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П. (47) од Скопје и автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј. (39) од Скопје. 

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил деветгодишен патник во автобусот од Република Турција, додека со телесни повреди се здобиле Ф.А.Д. (44) од Република Турција, исто така патник во автобусот, 13-годишник од Скопје и И.П. (46) од Скопје, сопатници од возилото „форд“ и 11-годишник од с.Стрелци, кичевско, сопатник од возилото „ауди“, констатирани во Медицински центар Кичево,“ велат од МВР. 

Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево. 

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести