Три мали срца – една голема желба: Топол дом пред зимата

Ѓоко (36) и Христина од Прилеп се родители на три деца – Дамјан, Матеј и Клаудија. Пред една година, животот им се промени засекогаш. Ѓоко, кој со години работеше во странство за да го издржува семејството, речиси целосно го изгуби видот.

„По операција на едното око, остана 97% слеп, а за другото е потребна уште една – експериментална – операција, со голем ризик да остане трајно без вид. И покрај сè, Христина не се откажа – денес работи и се грижи за семејството, а децата повторно одат на училиште. Со поддршка од хуманите луѓе, семејството успеа да направи огромен чекор напред – купија мал плац во село близу Скопје и започнаа со изградба на куќа до покрив. Но, сè уште не можат да се вселат – внатрешноста не е довршена.

Немаат под, врати, мебел. Потребни се и завршни работи. Секојдневно патуваат за да ги носат и враќаат децата од училиште, додека трошоците растат, а приходите се минимални. Иако се трудат да стојат цврсто на нозе, семејството се соочува со бројни административни и животни потешкотии. Ѓоко, и покрај тоа што речиси не гледа, не може да добие поддршка, бидејќи не е 100% слеп.

И згрижувањето на децата по настава им е тешко – училиштето нема можност да ги прими во дневен престој, па Христина мора секојдневно да ги носи и враќа по неколку пати. Сè тоа ја прави нивната борба уште потешка, но не и невозможна – затоа што не се предаваат. Ѓоко сака да е корисен и самиот има желба да ја средува недоградената куќа на негодување на блиските.

Потребни се уште околу 6.500 евра донации во средства и/или градежен материјал однсоно опрема за да семејството се всели во куќата до Нова година. Заедно можеме да помогнеме во нивната битка за основното – скромен кров над глава и достоинсвен живот,“ се вели во апелот од фондацијата ecrowd.mk

Како да донирате?

Со картичка: Донирајте онлајн преку eCrowd.mk, со клик на копчето „Поддржи ја кампањата“ погоре. Износот може да биде од 100 до 6.000 денари дневно.

Со повик: Донирајте 100 денари со повик на бројот 143 999 – достапно за сите корисници на Телеком и А1.

Со банкарска уплата: За поголеми износи, донирајте директно на сметката на Фондацијата ИКРАУД: Жиро сметка: 270078016610134 Цел на уплата: за Ѓоко Шифра: 562 / донации

Контакт за координација и информации – електронска адреса: [email protected].

Контакт телефон: 070 206 432.

Фото: ecrowd.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести