Трифун Костовски се враќа во политика, најави нова партија

Бизнисменот Трифун Костовски, кој е поранешен градоначалник на Град Скопје, како и поранешен пратеник на СДСМ, најави враќање во политика.

Тој на својот Фејсбук профил најави дека ќе формира партија и ги повика граѓаните да му се приклучат.

-Ги повикувам сите искусни и неискусни мои сограѓани кои имаат желба Македонија да опстои како држава во која ќе создадеме иднина за нашите поколенија, да размислат и да се приклучат кон ваквата моја визија, напиша тој меѓу друго, посочувајќи дека не барал власт за него, туку можност за “освестување“ на државно ниво.

Реакциите за оваа најава во јавноста и на социјалните мрежи се различни.

Фото: Костовски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести