Tриглав Осигурување лани со раст на добивката за 103%

Tриглав Осигурување АД Скопје лани остварил нето добивка од работењето во износ од 106,5 милиони денари, што е за 103% повеќе од минатата година, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Нето приходите од премија за 2025 година изнесуваат 1.153 милиони денари, кое што претставува зголемување во однос на 2024 година за 6%, односно за 69 милиони денари.

Гледано аналитички, причините за растот се растот на бруто премијата за 88 милиони денари, што делуваше позитивно на нето приходите од премијата. Значаен раст се забележува во класите за здравствено осигурување (раст од 28 милиони денари) и осигурување на кредити (раст од 27 милиони денари).

Растот на премијата предадена во реосигурување и соосигурување за 16 милиони денари, што делуваше негативно на нето премијата. Промената во нето резервите за преносна премија, во споредба со 2024 година, влијаеше негативно за 2 милиони денари, велат од таму.

Приходите од финансиски вложувања изнесуваат 81 милиони денари и се за 23% повисоки од 2024 година, генерално поради зголеменото портфолио на Друштвото, посочуваат од таму.

-74% од овие приходи се однесуваат на камати, 21% на реализирани добивки од продажба на хартии од вредност, а 2% се однесуваат на приходи од наемнини.

Останатите приходи од вложувања главно произлегуваат од курсни разлики.

Во овој период имаме и наплата на застарено побарување во износ од 1 милион денари, велат од таму.

Приходите по основ на провизии од реосигурување изнесуваат 104 милиони денари и се на исто ниво како и минатата година.

-Oстанатите осигурителни приходи, заедно со останатите приходи се намалени за 15% (1 милион денари) поради пониските приходи од асистенција, велат од таму.

Нето расходите за штети се во износ од 531 милиони денари и се за 64 милиони денари (11%) пониски од минатата година.

-Гледано аналитички, причините за падот се падот на бруто ликвидираните штети за 48 милиони денари, што делуваше позитивно на нето расходите за штети, растот на бруто ликвидираните штети под реосигурување за 26 милиони денари, што делуваше позитивно на нето расходите за штети, промената во нето резервите за штети во споредба со 2024 година, немаа ефект на нето расходите за штети, велат од таму.

Останатите технички резерви се за 0,8 милиони денари зголемени поради зголемените резервации за менаџерско осигурување (дел од Класата 1 – Осигурување од незгода), велат од таму.

-Трошоците за бонуси и попусти изнесуваат 45 милиони денари и се повисоки за 1 милиони денари во однос на минатата година, во согласност со зголемената премија.

Најголем износ на попусти отпаѓа на осигурување на моторни возила (16 милиони денари) и здравствено осигурување (14 милиони денари).

Нето трошоците за спроведување на осигурувањето во деловната 2025 година изнесуваат 589 милиони денари, што претставува раст од 14% или 72 милиони денари во однос на истиот период претходната година.

Влијание за растот имаше позицијата „провизии (брокери и агенти)“ со раст од 28 милиони денари, во согласност со растот на бруто полисираната премија од 88 милиони денари.

Дополнително, зголемување има и кај трошоците за маркетинг/промоција во износ од 25 милиони денари, како и еднократни трошоци за наем.

Трошоци од вложувања се минимални (износ од 0,9 милиони денари ). Разликата во однос на 2024 година е поради имплементација на стандардот МСФИ 16, каде каматата за договорите за лизинг се пресметува во оваа позиција.

Останати осигурително технички трошоци се во износ од 59 милиони денари, односно за 1 милиони денари (2%) повисоки од 2024 година, поради растот на трошоци за пожарен придоне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работеше Tриглав Осигурување во првото полугодие

Како работел Tриглав Осигурување во првите девет месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести