Минатата година ТТК Банка Банката остварила добивка од 90 милиони денари, информираше Банката преку Македонската берза.
За овој период Банката остварила оперативни приходи од 583,5 милиони денари и оперативни трошоци во износ од 469,8 милиони денари.
-Дополнително, исправките на вредноста на финансиските средства на нетооснова изнесуваат 10,7 милиони денари, што ја потврдува финансиската стабилност на Банката и нејзината подготвеност да се справи со динамичните пазарни услови, велат од таму.
Билансната сума на Банката лани достигнала ниво од 12.475 милиони денари, што претставува раст од 13,2% во споредба со претходната година. Планот е остварен со 107,5%.
-Заклучно со 31.12.2025 година, евидентиран е пораст на кредитите и побарувања од други комитенти за 7,7 % во однос на 31.12.2024 година.
Порастот, главно, е резултат на зголемување на кредитите на секторот стопанство за 260 милиони денари односно 19,6 %, како и од растот на кредитите од секторот домаќинства за 144 милиони денари или 3,6%. Планот за овој период е исполнет со 101,7%, велат од таму.
Остварените нето-приходи од камати изнесуваат 356,7 милиони денари и во однос на планот се остварени со 96,4%.
-Во однос на истиот период минатата година, зголемени се за 11,7 милиони денари или 3,4%. Порастот, во најголем дел, се должи на зголемените каматни приходи од секторите стопанство и домаќинства, како и од остварениот раст и на приходите од камати од секторот Банки и Финансиски институции.
Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 171,2 милиони денари. Најголемо учество во генерирањето на приходите од провизии имаат провизиите од домашниот платен промет, како и провизиите од картично работење.
Приходите од провизија бележат годишен раст од 2,5 %. Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во однос на планот за овој период се остварени со 91,9%.
Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 13,4 милиони денари и бележат годишен пад за 2,3 милиони денари, а во однос на планот се остварени со 82,1%.
Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 43,3 милиони денари и се повисоки за 65,9% во однос на минатата година, како резултат на повисокиот износ на приходи од капитална добивка од продажба на средства во тековната година. Во однос на планот се остварени со 77,2%.
Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 469,8 милиони денари и се за 12,5% повисоки во однос на истиот период минатата година, како резултат на зголемените трошоци за плати и вработени, што ја одразува стратегијата на Банката за континуирано инвестирање во човечките ресурси и задржување на квалификуваниот персонал. Во однос на планот се остварени со 101,4%.
Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 10,7 милиони денари и таа соодветствува со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката.
Во текот на 2025 година е прокнижено оштетување на нефинансиските средства во износ од 0,4 милиони денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Слаѓан Михајловски именуван за член на НО на ТТК Банка













