Тутунски комбинат Прилеп со добивка во првото полугодие

Тутунски комбинат АД Прилеп во првите шест месеци од годинава остварил добивка од 46.068 илјади денари, информираат од таму преку Македонската берза.

-Споредбено со истиот период во претходната 2024 година кога имаше негативен финансиски резултат во износ од 59.593 илјади денари, покажува дека Друштвото го подобрило своето работење во 2025 година.

Оперативните приходи се зголемени од 318.590 илјади денари на 642.184 илјади денари во однос на  претходната 2024 година. Причината за ова зголемување на оперативните приходи е резултат на зголемени приходи од продажба на домашен и странски пазар.

Оперативните расходи се зголемени односно од 563.115 илјади денари на 1.014.120 илјади денари. Зголемувањето на оперативните расходи најмногу е изразено кај ставката „Трошоци за суровини и други материјали“.

Финасиските приходи произлегуваат од приходи од вложувања, заеми дивиденда, курсни разлики коисе зголемени од 33.939 илјади денари на 41.005 илјади денари.

Финансиските расходи изнесуваат 24.741 илјади денари, што претставува зголемување во однос на претходниот период, кога изнесувале 16.901 илјади денари. Ова зголемување на финансиските расходи се должи пред се на зголемување на расходите по основ на камати од работењето со неповрзани друштва и расходите по основ на курсни разлики од работењето со неповрзани друштва.

Оперативна добивка за периодот 01.01.2025 – 30.06.2025 година изнесува 46.068 илјади денари наспроти оперативната загуба од претходниот период во износ од 59.593 илјади денари. Како резултат на взаемната подобрена комуникација на кооперантите со раководството се реализира зголемен обем на откупен тутун од страна на нашата компанија, што придонесе да оствариме позитивен финансиски резултат, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести