Денеска е уапсен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Мети Сејдини.
Неофицијално, тој е уапсен за проневера на 700.000 евра доделени од Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) на ФФМ за поддршка и изградба на трибина во Охрид.
Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврди информацијата информирајќи дека „полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција во координација со Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје го лишиле од слобода М.С. поради сомнение за сторени кривични дела – проневера и злоупотреба.“
Информацијата ја потврдија и од ОЈО Скопје.
„Се уште се преземаат дејствија по наредба на јавниот обвинител, а повеќе детали за натамошниот тек на постапката ќе бидат споделени по завршувањето на дејствијата кои се во тек,“ соопштија од Обвинителството, од каде велат дека во случајот станува збор за сторени кривични дела – проневера и злоупотреба.
Фото: Фејсбук/Сејдини













