Артан Груби останува во куќен притвор и под 24-часовно полициско обезбедување

Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, кој беше во бегство 14 месеци, а се врати во Македонија на 23. февруари, по што беше приведен, останува во куќен притвор уште 30 дена.

За него е продолжено и 24-часовното полициско обезбедување пред зградата во скопски Чаир, каде е во куќен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку полицајци го чуваат Артан Груби

Продолжувањето на притворот го побарало Основното јавно обвинителство, а го одобрил Основниот кривичен суд Скопје.

Тој заедно со поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кој се уште е во бегство се гони за злоупотреба на 8 милиони евра за набавка на ВЛТ апарати во Лотарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што се гони Артан Груби

Груби се уште не дал исказ пред обвинител за случајот, бидејќи одбраната ја разгледува документацијата за случајот.

Заедно пак со судијата Енвер Беџети, Груби заврши и на т.н. црна листа на САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Артан ГрубиКолку полицајци го чуваат Артан Груби

До каде е предметот за Груби за неговото ставање на „црната листа“ на САД?

Објавено и видео од апсењето на Груби

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести