Убиецот на таткото и синот во Прилеп, а кој потоа се самоуби, и во минатото бил пријавува за инцидент со огнено оружје

Во јавноста излегоа нови детали за убиецот на таткото и синот од Прилеп, кој потоа се самоуби, за како што информираа надлежните поради неразрешени имотно-правни односи и долготраен конфликт во семејството.

Имено, 62-годишниот Петар Ѓ. (62) од Прилеп, и во минатото бил пријавуван за инцидент со огнено оружје, но делото тогаш застарело, објави „Скопје1“.

Според полицијата, оружјето со кое го извршил двојното убиство и самоубиството било во негова сопственост легално – стекнато по наследство од негов родител, за што поседувал дозвола од 2012 година, обновена во 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Долготрајни семејни конфликти и имотно-правни односи се причина за двојното убиство и самоубиство во Прилеп

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести