Убиеното дете во Прилеп имало 12 години, татко му 43 години: Обвинителството го потврди двојното убиство и самоубиство

Од Основното јавно обвинителство ја потврдија информацијата дека вчера во Прилеп биле убиени дете на возраст од 12 години и неговиот татко кој имал 43 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Татко и син убиени во Прилеп, убиецот се самоубил

Како што велат од Обвинителството, 63-годишен маж, го убил својот внук од сестра и неговиот син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања, а потоа се самоубил.

Од таму потврдуваат и дека мотивите за тоа ги најавил и на Фејсбук.

Убиството се случило во куќа во центарот на градот, телата на убиените се дадени на обдукција, а на местото на злосторството биле пронајдени и оружје и муниција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести