Кривична за градоначалникот на Росоман

Градоначалник на Општина Росоман, Стојан Николов и претседавач на општински Совет, Р.Ј. (61) добија кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), а истата е поднесена од ОВР Кавадарци.

-На седница на Совет на општината, одржана на 28.02. годинава било утврдено дека Програма за изработување на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација во општина Росоман за 2023 година, којашто била изгласана на седница на општинскиот совет на 30.01.2023 година со 39 точки, и без потпис на претседателот на Советот на општината, била изменета односно била допишана уште една точка 40 – та по ред и истата била потпишана од страна на претседателот на Совет на општина Росоман.

Практично со тоа двајцата пријавени овозможиле преку спорната 40-та точка Урбанистички проект за производство на асфалт за катастерска општина „Манастирец“, да биде впишана во Програмата за изработување на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација во општина Росоман за 2023 година, без одобрение и гласање од страна на Советниците на општина Росоман.

Исто така ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднесе уште една кривична пријава против С.Н. (28) од Росоман и тоа поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „Бесправно градење “ (чл.244-а ст.1 од КЗ на РСМ).

Пријавениот во својство на градоначалник на Општина Росоман, дозволил без Решение за реконструкција, односно Одобрение за изградба на линиски инфраструктурни објекти спротивно на одредбите од Законот за градење и без Основен проект – фаза градежништво – да се отпочне со реконструкција, поточно промена на сообраќајниот режим на влез во Росоман без соодветна документација, информираа од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Општина Росоман, Николов ги отфрла наводите од кривичната од Финансиската полиција

Градоначалникот на Росоман заработи кривична од Финансиската полиција

Каков имот пријавил градоначалник на Росоман, кој заработи кривична од Финансиската полиција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести