Увидот во „Макпрогрес“ не може да започне, бидејќи пожарот не е изгаснат целосно, информираа од Основното јавно обвинителство Кочани.
„Сè уште траат активности за обезбедување на локацијата. Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот,“ велат од Обвинителството.
Менаџментот на фабриката за ТВ Стар изјави дека пожарот нанел огромни штети, но веднаш се започнало со активности за брзо рестартирање на производството. Дел од вработените ќе бидат распределени во преостанатите погони.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: ДПД Кочани