Увидот за причините за пожарот во Трубарево, ќе почне утре, информираа од Основното јавно обвинителство.
Од таму велат дека екипи на Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје и денеска биле на лице место за преземање дејствија и прибирање определени докази потребни во однос на постапката за загрозување на животна средина со отпад.
-Во континуитет се преземаат повеќе дејствија на обезбедување и анализа на документација.
До Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени со постапка до овој момент, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Училиштата околу Трубарево, ќе одржуваат настава онлајн
(Видео) Гори рециклаторен центар во скопско Трубарево, соработници на „Нула Отпад“