(Видео) Масовни антивладини протести во Иран поради економската криза, најмалку 45 демонстранти се убиени

Антивладините протести кои започнаа на 28. декември од главниот град Техеран се шират низ цел Иран, а тамошната власт го исклучи интернетот и мобилните комуникации.

Истите започнаа поради економската криза, падот на вредноста на ријалот, валутата на земјата, и инфлацијата од над 40%.

Кризата е резултат на санкциите за земјата, претежно од САД, но и на лошото управување и корупцијата.

Во протестите засега загинаа најмалку 45 лица, меѓу кои и осум деца, а американскиот претседател Доналд Трамп, неколку пати го предупреди Иран, дека САД ќе интервенира ако се убиваат демонстранти.

Бројот на учесниците во протестите се зголеми по повикот на Реза Пахлави, свештеник од Вашингтон, чиј татко беше соборен од Исламската револуција во 1979 година.

Тој ги повика Иранците да „излезат на улиците и, како обединет фронт, да ги извикаат своите барања“.

Фото: Унсплеш/видео: Х

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести