Објавени нови вознемирувачки снимки од убиените демонстранти во Иран

Иран, по масовните антивладини протести, се уште е со исклучен интернет и ограничена мобилна комуникација, а на социјалните мрежи се споделуваат нови вознемирувачки снимки од убиените демонстранти.

Бројот на загинати демонстранти, претежно млади, се претпоставува дека е над 3.900, според информации на активисти, а неофицијално се спомнуваат и многу поголеми бројки, од над 18.000 лица.

Вистинската бројка засега не ја знае никој, а дека се убиени илјадници лица во протестите, вклучувајќи и припадници на силите на репресивниот режим, потврди и врховниот верски лидер на Иран, Ајатолахот Али Хамнеи, кој е највисоката политичка и верска фигура во земјата, над претседателот и другите владини функционери, и е одговорен за клучните државни одлуки.

Тој за убиствата го обвини американскиот претседател Доналд Трамп и го нарече “криминалец“, а Трамп му врати дека е “болен“ и дека во земјата треба да има промена на власта.

Токму Трамп ги повика граѓаните на Иран да протестираат и да ги освојат институциите и најави дека доаѓа помош од САД, но помошта не стигна.

Трамп засега одложи било каква интервенција во Иран.

Протестите започнаа на 28. декември поради економската криза, високата инфлација и цени.

Новите снимки уште еднаш предупредуваме се многу вознемирувачки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија тргува со Иран, има ли ризик да се соочи со американска царина од 25%?

(Видео) Празни улици и погреби во Иран, додека се очекува акција од САД

Во Иран убиени најмалку 2.900 лица, Трамп се предомисли за интервенција во земјата?

Видео: Iran Freedom/Фејсбук/фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести