Колку напред отиде и Африка, покажува мега-проектот за изградба на меѓународниот аеродром “Бишофту“, кој го гради Етиопија.
Станува збор за проект вреден најмалку 12,5 милијарди долари, а од јануари годинава се гради на 50 километри југоисточно од главниот град Адис Абеба, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Се работи за најголемиот инфраструктурен проект во воздухопловството во историјата на Африка, а што е уште поважно со неговото завршување кое се планира за 2030 година, ќе се прекине досегашната пракса граѓаните на Африка да летаат во рамки на континентот, транзитирајќи надвор од него, преку Лондон, Париз или Дубаи.
Истиот ќе има две писти и капацитет од 60 милиони патници годишно, со планови да порасне до 110 милиони патници.
Проектот го предводи државната авиокомпанија „Етиопиан ерлајнс“, најголемиот превозник во Африка според големината на флотата, вкупниот број патници и приходите.
Таа ќе инвестира 30% од својот капитал за директно покривање на трошоците. За останатите 8 милијарди долари моментално се преговара со САД, Кина и Италија.
Фото/видео: Ethiopian Airlines














