Како работела Фабрика Карпош во првиот квартал

Фабрика Карпош АД Скопје во првите три месеци од годинава остварила бруто добивка од 14,130 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Остварените вкупни приходи изнесуваат 232,603 милиони денари.

-Најзначјно учество во вкупните приходи имаат приходите од оперативните активности на домашен пазар кои учествуваат со над 90 % во вкупните приходи остварени на домашниот пазар. Приходи во првиот квартал имаат мал пораст од приходите остварени во истиот квартал од минатата година, велат од таму.

Вкупните расходи изнесуваат 217,165 милиони денари.

-Најголемо учество во оперативните расходи имаат расходите за услуги со карактер на материјални трошоци (кооперантите) во износ од денари 95,718 милион денари и трошоците за вработени 50,747 милиони денари.

Финансиските расходи бележат 14% намалување во однос на финансиките расходи остварени од истиот квартал од претходната година, што се должи на намалената задолженост на компанијата кон банките, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работела Фабрика Карпош лани

Која е фирмата Сервис Петрол, која сака целосно да ја преземе Фабрика Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести