Фабрика Карпош АД Скопје лани остварила бруто добивка од 50,266 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
За овој период има вкупни приходи од 1.319, милиони денари.
-Најзначјно учество во вкупните приходи имаат приходите од оперативните активности кои учествуваат со над 90 % во вкупните приходи остварени на домашниот пазар.
Финансиските приходи имаат незначително учество во вкупниот приход, велат од таму.
Вкупните расходи изнесуваат 1.269,79 милиони денари.
-Најголемо учество во оперативните расходи имаат расходите за услуги со карактер на материјални трошоци (кооперантите) во износ од денари 591 милион денари и трошоците за вработените – 261 милиони денари.
Финансиските расходи бележат благ пораст во однос на финансиките расходи остварени од претходната година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сервис Петрол сега поседува 80% од акциите на Фабрика Карпош, понудата за преземање успешна
Која е фирмата Сервис Петрол, која сака целосно да ја преземе Фабрика Карпош
Договор од 731,7 илјади евра склучи Општина Охрид со Фабрика Карпош














