Новите предлози за вицегувернери на Народната банка (НБ) се Ана Митреска и Игор Величковски.
Митреска е актуелна вицегувернерка и ако биде избрана во македонското Собрание, тоа ќе и биде втор мандат.
Таа е доктор по монетарна економија и долгогодишен експерт во Народната банка. Од 2011 година ја предводи Дирекцијата за монетарна политика и истражување. Претходно била и заменик-директор и истражувач во НБ.
Првпат беше избрана на оваа функција во 2018 година.
Величковски пак е актуелен директор на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи во НБ.
Тој е доктор по монетарна економија. Докторирал на Универзитет во Стафордшир во Велика Британија. Важи за долгогодишен експерт во областа на платните системи и финансиските пазари.
Во НБ работи од 2012 година. Од 2013 до 2024 година таму бил директор на Дирекцијата за платни системи.
За нивниот избор наскоро ќе гласаат пратениците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил гувернерот на Народна банка, Трајко Славески
Кој е Трајко Славески, новиот гувернер на Народната банка
Кои ќе бидат приоритети на новиот гувернер Трајко Славески














