Во Иран во антивладините протести досега се убиени најмалку 2.400 лица, пренесуваат светските агенции.
Најголем дел се млади под 30 години, а меѓу убиените има и деца, како и припаници на силите на репресивниот режим.
Се стравува дека бројот на загинати се движи од над 12.000 до 20.000 лица. Овие бројки кои веќе се споделуваат во дел од светските медиуми и на социјалните мрежи неможе никој да ги потврди, бидејќи во земјата се уште е исклучен интернетот и мобилната комуникација.
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој во неколку наврати најави дека САД ќе интервенира во Иран, најави дека помошта доаѓа, а на демонстрантите им порача да продолжат со протестите, да ги освојат институциите и да ги запаметат имињата на тие што убиваат по улиците на земјата.
Иран пак за денеска најави погубување на еден од уапсените демонстранти, со бесење. Тој е осуден без судење. Уапсени се над 10.000 лица, бројка исто така најверојатно драматично поголема. Нивната судбина никој не ја знае.
Трамп предупреди дека ако се случи тоа, ќе има решителна акција на САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНР ги повика македонските државјани да го напуштат Иран
Фото: Унсплеш/видео: Фејсбук/Iran International – English












