(Видео) Физичка пресметка пред болницата во Прилеп, уапсени 13 лица

Пред Градската општа болница „Борка Талески“ во Прилеп денеска се случи физичка пресметка помеѓу повеќе лица, а по истата како што информираа од полицијата, која спречи поголем инцидент, се уапсени 13 лица.

Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, лицата во пресметката употребиле дрвени и други предмети.

Кога пристигнала полицијата тие не престанале со пресметката, па еден од полицајците испукал неколку истрели во воздух од службениот пиштол.

Против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Локалниот портал Маркуле објави и видео:

Видео: Маркуле

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести