(Видео) Александра Јанева објави нова песна „Како спиеш ти“

Александра Јанева објави нова песна „Како спиеш ти“, модерна поп-балада.

Авторскиот тим кој се потпишува зад овој проект се Лазар Цветкоски (музика и аранжман) и Луна Ристиќ (текст).

Тие се и главните соработници на претстојниот студиски албум на Јанева – „Сестро“.

Видеото, за кое е заслужен Даниел Јовески, е снимено во специфичен период за Александра – во четвртиот месец од нејзината бременост.

„Тој спокој кој го чувствував во себе се пренесе и на екранот. Сакав да прикажам сила и самоувереност, a тоа направи уште посилно да ја доживеам емоцијата на песната која еден ден ќе и ја прераскажувам на мојата идна ќерка“ изјави Јанева.

Пејачката неодамна покажа дека е во својата најдобра форма и на сцената, кога како гостинка на концертот на Влатко Лозановски Лозано ја воодушевија публиката со заедничката интерпретација на „Не те вадам од памет“. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести