(Видео) Божиќен серијал од четири епизоди-за вистинската смисла на Божиќ

Божикен серијал од четири епизоди за вистинската смисла на Божик, реализираше Ра-Ли продукција за Бадникови поворки, во режија на Владо Дојчиноски

Објавени се две епизоди (по 5–7 минути) Витлеемската пештера, Витлеемската ѕвезда, а денеска и утре во 19 часот ќе бидат објавени уште две Тројцата мудреци и Божикен подарок, на јутјуб-каналот на Бадникови поворки.

„Овие приказни не се само за гледање, тие се за чувствување. За потсетување дека најголемите подароци не се во кутија, туку во срцето. Секоја епизода е мал семеен ритуал. Момент за заедничко гледање, разговор и тивка радост. Серијалот е , со учество на деца кои со својата искреност и чистота, никого нема да остават рамнодушен.

Подготовка за она што следи… Зашто ова е само вовед во големата радост што нè очекува сите на 6 јануари 2026, кога во повеќе од 80 градови и населени места низ Македонија, како и во македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија и САД, со величествени поворки на радост, заедно ќе го благовестиме Христовото Раѓање,“ велат од Бадникови поворки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Годинава се очекува рекорден одѕив на Бадникови поворки – настан кој ја сведочи за радоста на Христовото рождество

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести