ИРЛ: Братот на претседателката на Кривичен, кој е инспектор во УЈП, бил во комуникација со газдите на „Пулс“ во Кочани

Новата сторија на Истражувачката репортерска лабараторија (ИРЛ) фрли ново светло за јавноста на истрагата за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, каде во пожар загинаа 62, а беа повредени 203 лица.

Освен досега необјавени снимки од пожарот, ИРЛ објави и телефонска комуникација на синот на сопственикот на т.н. дискотека, Дејан Јованов – Деко, Михајло со инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП), полицијата и Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ИРЛ објави необјавени снимки и документи од истрагата за пожарот во Кочани

Во видео-сторијата се прикажани пораки од кои меѓу другото се гледа дека Јованов ги потмитувал инспекторите со подароци, а тие му јавувале пред да дојдат во инспекција во „Пулс“. Полициски инспектори, пак, како што се гледа од пораките, биле редовни гости во т.н. дискотеката.

Повикувајќи се на овие докази, кои новинарите ги добиле од „свиркач“, ИРЛ објави и дека со обвинението на Основното јавно обвинителство, кое се уште не е одобрено од Основниот кривичен суд Скопје, не е опфатен инспекторот на УЈП, Драган Паунов, кој е брат на претседателката на Кривичниот суд Скопје, Даниела Димовска, која е по потекло од Кочани, а Судот го води случајот.

Според ИРЛ, Паунов наводно бил во постојан контакт со синот на Деко. 

На сторијата на ИРЛ реагираа од Основното јавно обвинителство од каде меѓудругото велат дека тие ги земаат во предвид сите докази и за нив вршат проверка.

„Потврда дека не постои ниту најмала намера овој аспект да се прикрие или да остане неистражен е фактот што презентираната комуникација е дел од извештај на анализирана телефонска комуникација, кој во целост е доставен во Судот како дел од доказниот материјал за поднесеното обвинение.

Јавното обвинителство апелира за воздржаност од изнесување непроверени информации кои можат да ја загрозат натамошната постапка, како и постапката за оцена на поднесеното обвинение“, велат од Обвинителството, потенцирајќи дека јавните обвинители проверки вршеле уште во однос на неколку институции, вклучително и УЈП.

„Меѓутоа, законските надлежности на УЈП се однесуваат на контроли за даночни и финансиски прашања, а не на безбедносни аспекти, па од тие причини тие не беа опфатени со поднесеното обвинение. Дејствија кои не можат да се доведат во контекст со последицата изразена преку кривичното дело Тешки дела против општата сигурност од чл.292 од КЗ, не беа предмет на ова обвинение, па проверките во однос на УЈП се вршат во контекст на евентуални коруптивни и други кривични дела на поединци“, велат од Обвинителството, од каде потенцираат и дека од ИРЛ не побарале став од нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителниот акт за трагедијата во Кочани ќе биде отценет до крајот на неделата, најавуваат од Кривичен

Во пожарот во Кочани загинаа и осум членови на ДНК: Шест месеци од трагедијата

Кој е Александар Нацев, новиот обвинет за пожарот во Кочани

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести