(Видео) Цеца предизвика бура откако развеа бугарско знаме во Велес

Српската турбофолк пејачка Светлана Ражнатовиќ Цеца на синоќешниот концерт во Велес развеа бугарско знаме со нејзиниот лик, кое и го фрлила нејзина обожавателка од публиката.

Очекувано таа со постапката предизвика свирежи, а дел од присутните, како што пренесуваат локалните медиуми, го напуштиле концертот.

Инцидентот е топ тема на социјалните мрежи, а за истиот се огласи и Цеца.

-Не ми е страно да прифатам било какво знаме од мојата публика, бидејќи тоа е моја публика, мој народ, мои луѓе. Нè обединува љубовта кон песната, без разлика од каде доаѓа. Жал ми е ако тој чин повреди некого – навистина не ми беше намерата, особено не да ги повредам или навредам домаќините. Верувам дека го знаете тоа, напиша таа меѓудругото на соцјалните мрежи.

Фото: Цеца/Фејсбук/видео: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести