Жена од Ресен заработи кривична пријава поради сомнеж дека ја тепала малолетната ќерка, која имала здравствени проблеми.
Станува збор за Д.А. (49), а таа како што информираа од полицијата е осомничена за кривичното дело „насилство врз дете” и „телесна повреда“.
-На 03.10.2025 пријавената, во с.Дрмени, ресенско, физички ја нападнала својата малолетна ќерка, која имала здравствени проблеми, при што употребила тврд предмет, велат од полицијата.














