(Видео) Цеца предизвика бура откако развеа бугарско знаме во Велес

Српската турбофолк пејачка Светлана Ражнатовиќ Цеца на синоќешниот концерт во Велес развеа бугарско знаме со нејзиниот лик, кое и го фрлила нејзина обожавателка од публиката.

Очекувано таа со постапката предизвика свирежи, а дел од присутните, како што пренесуваат локалните медиуми, го напуштиле концертот.

Инцидентот е топ тема на социјалните мрежи, а за истиот се огласи и Цеца.

-Не ми е страно да прифатам било какво знаме од мојата публика, бидејќи тоа е моја публика, мој народ, мои луѓе. Нè обединува љубовта кон песната, без разлика од каде доаѓа. Жал ми е ако тој чин повреди некого – навистина не ми беше намерата, особено не да ги повредам или навредам домаќините. Верувам дека го знаете тоа, напиша таа меѓудругото на соцјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Дајте друго дете, Цеца замина во историјата“: Бура од реакции за турбофолкерката која развеа бугарско знаме во Велес

„Голем скандал“: Бугарските медиуми за Цеца и бугарското знаме во Велес

Фото: Цеца/Фејсбук/видео: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести