(Видео) Директорка на училиште во Демир Хисар сакаа да ја водат на информативен разговор на носилка, под истрага е началникот кој го бараше тоа

Вистинска драма се одвиваше синоќа пред домот на Маја Лозановска, директорка на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, која била на боледување.

Полицијата во присуство и на Брза помош, која констатираше дека во моментов имала висок крвен притисок, и во присуство на нејзиниот адвокат Жарко Стеваноски, сакаше да ја приведе на информативен разговор, и на носилка.

Нејзиниот адвокат пак вели дека поканата за информативен разговор има рок за извршување од 15 дена и не налага итно постапување.

По бројните реакции на социјалните мрежи откако се појавија и видео снимки, од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека началникот на полицијата во Демир Хисар кој бараше по секоја цена Лозановска да биде однесена на разговор во полицијата е под истрага на Одделот за внатрешна контрола на МВР.

Од таму информираа и дека во нејзиниот дом и автомобил, но и во нејзината канцеларија во училиштето, бил извршен претрес поради кривичното дело „Одземање или уништување службен печат или спис“.

Станува збор за печат на училиштето кој е потребен да Лозановска биде разрешена од функцијата, а на нејзино место да биде поставен друг.

Таа поради тоа што е на боледување се уште не го примила решението за нејзино разрешување.

За случајот се огласија и од Основното јавно обвинителство Битола, од каде меѓудругото посочија дека не дале наредба за итен распит.

„Основното јавно обвинителство Битола нема издадено наредба за приведување или итен распит на лице во конкретниот случај“, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорката на училиштето во Демир Хисар ќе оди на информативен разговор, со нејзиниот адвокат ќе бараат да се констатира и кој провалил во училиштето

Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен, внатрешната контрола утврдила непрофесионалност во постапувањето

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести