(Видео) Две огромни дрвја паднаа во близина училиштето „Киро Глигоров“, во моментов се отстрануваат

Две огромни дрвја се паднати во близина на училиштето „Киро Глигоров“ во скопски Капиштец. Истите го попречија сообраќајот, а за среќа нема повредени.

Од Општина Центар информираа дека во моментов екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар” и ЈП „Паркови и зеленило” работат на нивно отстранување.

Улицата е непроодна за возила додека не завршат активностите, а се очекува дрвјата да бидат целосно отстранети во рок од еден час.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Дрвјата во близина на училиштето „Киро Глигоров се отстранети, улицата е проодна

Фото: Општина Центар Видео: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести