На местото покрај магистралниот пат Скопје-Блаце каде во неделата попладне изби пожар, кој беснееше и вчера, се пронајдени дрвени палети, претходно најверојатно намачкани со бензин и фрлени во смреки, откри денеска првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
Првичната неофицијална информација беше дека пожарот настанал од отпушок од цигара, но Ангелов вели дека линијата на оган била многу широка како за пожар кој би се појавил поради таква причина и посочи дека и утрово некој се обидувал да го реактивира пожарот, кој е под контрола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанец со табла за јајца потпалил сува трева, изгореле 200 метри квадратни тревна површина
Фото: Унсплеш/видео: ДЗС