Масакар на кучиња се случил во Кичево пред три дена, а пошироката јавност дозна за тоа од здруженијата за заштита на животните.
Во градот се убиени или отруени над 40 кучиња, со отров кој може да усмрти и деца.
Нивните тела, поради неработниот ден (23. октомври) со часови стоеле по улиците низ градот, а и во близна на основното училиште „Санде Штерјоски“.
Надлежните во Општината и градоначалникот Фатмир Дехари молчат, граѓаните се згрозени, а од Министерството за внатрешни работи информираа дека постапувале по допрен глас.
Видео: Фејсбук














