Граничниот премин „Ќафасан“ денеска беше блокиран од колони возила, бидејќи граѓаните од пограничните места со Албанија доаѓаат во Македонија по поевтина храна и гориво, јавува „Еуроњуз Албанија“.
Според медиумот, на граѓаните им биле потребни два часа, за да влезат во земјава, а слична ситуација била забележана и на граничниот премин со Грција, Какавија.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека има доволно количини на нафта, и оттука не е потребно никакво ограничување.
„Голем дел од граѓаните од нашите соседи доаѓаат кај нас и ги полнат резервоарите со гориво. Зголемена е потрошувачката. Ако во првиот месец беше 10 проценти сега веќе е 15 проценти,“ рече Мицкоски.
Видеото од гужвите на граница ОВДЕ.
Фото: Влада














