(Видео) Лудо возење по Партизанска на возачот на министерот Алиу-МВР ќе го санкционира

По реакциите на јавноста за лудото возење на возачот на министерот за здравство Азир Алиу по Партизанска, МВР го пронашле сторителот и истиот ќе биде казнет.

„Денеска (11.10.2025), полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Б., постапувајќи по објавеното видео кое беше објавено на социјалните мрежи на 09.10.2025 на кое се гледа како на бул.„Партизански одреди” управува службено возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, при што користи уреди за посебни светлосни знаци и преминува преку две полни линии.

Против Б.Б. се преземени мерки по член 139 став 11 и 30 и став 5 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата,“ велат од МВР.

Видео/Скопје 1 Фото/МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести