(Видео) Најмалку 55 загинати во пожар во станбен комплекс во Хонг Конг, околу 300 се водат за исчезнати

Во пожар во комплекс од згради во Хонг Конг, Кина, загинаа најмалку 55 лица, а околу 300 се водат за исчезнати.

Десетици лица се хоспитализирани, од кои дел се во тешка состојба.

Зградите горат веќе 24 часа, а во комплексот живееле околу 4.000 лица.

Официјално се уште не е потврдена причината за пожарот, кој се ширел брзо поради поставените бамбусови скелиња за време на реновирањето на зградите.

Засега се уапсени три лица под сомнение за убиство од небрежност.

Фото: Унсплеш/видео: ABC News (Australia)/Guardian News



Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести